Услугата за сообраќај за пристап до службата за информации е услуга каде што операторот му овозможува на својот претплатник пристап до службата за информации, а трошокот за повикот се наплатува од повикувачкиот претплатник.

Со оваа услуга Македонски Телеком АД – Скопје им обезбедува можност на своите Партнери да им овозможат на своите претплатници (кои се поврзани на мрежата на Партнерот) пристап до службата за информации на Македонски Телеком АД – Скопје. Согласно начинот на наплаќање на трошоците за повикот, Македонски Телеком АД – Скопје му наплаќа на Партнерот.

Со услугата за пристап до службата за информации повиците добиени од мрежата на Партнерот на регионална точка на пристап на Македонски Телеком АД - Скопје и во врска со телефонските броеви на одредени претплатници на фиксен телефонски мрежен оператор или мобилен радио телефонски мрежен оператор, се пренасочуваат од страна на Македонски Телеком АД - Скопје кон точката определена за предавање на сообраќајот (точка на пристап) на центарот на службата за информации (188).
Десктоп верзија