Услугата за користење на броеви со поделба на трошоци или позната и под називот услуга за користење на син број е услуга каде трошокот за повикот е поделен помеѓу повикувачкиот и повиканиот претплатник.

Со оваа услуга Македонски Телеком АД – Скопје им обезбедува можност на своите Партнери да им овозможат пристап на претплатниците на Македонски Телеком АД – Скопје (кои се поврзани на јавната фиксна телефонска мрежа на Македонски Телеком АД – Скопје) до нивната услуга за пристап до син број. Согласно начинот на наплаќање на повикот со поделба на трошоците, Македонски Телеком АД – Скопје му наплаќа на претплатникот кој го иницира повикот цена за локален повик.

Со услугата за пристап до услуга за сообраќај за користење на син број за повиците насочени кон сините броеви во мрежата на Партнерот (08xy abcde; xy≠0) [или повици насочени кон син број во мрежата на Трета Страна, која има склучено со Партнерот договор за пренасочување на повици], Македонски Телеком АД – Скопје ги пренасочува повиците од претплатничката пристапна точка која се наоѓа во мрежата на Македонски Телеком АД – Скопје кон точката определена за предавање на сообраќајот (точка за пристап).
Десктоп верзија