
Услугата за сообраќај за користење на скратен број е услуга при која што претплатникот кој го иницираа повикот може да бира скратени броеви, а начинот на наплата на повикот е во зависност од видот на скратениот број.
Услугата за сообраќај за користење на скратен број е достапна на скратени броеви исклучиво од следниве серии:
а) 15ab(c) без вклучени дополнителни содржински услуги;
б) 12a(bcd(e)), 17a(b) и 18a(b) доделени за грижа на корисници; и
в) 19a без вклучени дополнителни содржински услуги.
Со оваа услуга Македонски Телеком АД – Скопје им обезбедува можност на своите Партнери да им овозможат пристап на своите претплатниците до услугата за користење на скратените броеви на Македонски Телеком АД – Скопје.
Македонски Телеком АД – Скопје му наплаќа на Партнерот надомест за пристап до скратен број во зависност од видот на скратениот број.
Со услугата за пристап на скратен број, за повиците насочени кон скратени броеви во мрежата на Македонски Телеком АД – Скопје (15ab(c); 12a(bcd(e)), 17a(b), 18a(b) и 19a ) [или повици насочени кон скратен број во мрежата на Трета Страна, која има склучено со Партнерот договор за пренасочување на повици], Македонски Телеком АД – Скопје ги пренасочува повиците од точката за пристап која се наоѓа во мрежата на Македонски Телеком АД – Скопје кон претплатничката пристапна точка идентификувана со скратен број.
За дел од скратените броеви на Македонски Телеком АД – Скопје, може да се поднесе барање за користење на начин за наплата со поделба на трошоци или по принципот повик платив во доаѓање.