Услуга на бесплатен број или позната и под називот услуга за користење на зелен број е услуга при која што повиканиот претплатник плаќа за повикот, а соодветно на тоа повикот е бесплатен за претплатникот кој го иницирал повикот.

Со оваа услуга Македонски Телеком АД – Скопје им обезбедува можност на своите Партнери да им овозможат пристап на претплатниците на Македонски Телеком АД – Скопје (кои се поврзани на јавната фиксна телефонска мрежа на Македонски Телеком АД – Скопје) до нивната услуга за пристап до зелен број . Согласно начинот на наплаќање на повикот во доаѓање, Македонски Телеком АД – Скопје не му наплаќа на претплатникот кој го иницира повикот.

Со услугата за пристап до услугата за сообраќај за користење на зелен број, за повиците насочени кон зелените броеви во мрежата на Партнерот (0800 abcde) [или повици насочени кон зелен број во мрежата на Трета Страна, која има склучено со Партнерот договор за пренасочување на повици], Македонски Телеком АД – Скопје ги пренасочува повиците од претплатничката точка за пристап која се наоѓа во мрежата на Македонски Телеком АД – Скопје кон точката определена за предавање на сообраќајот (точка за пристап).
Десктоп верзија