Ако ви е потребна нова или замена на постоечката ИТ инфраструктура за компанискиот портал, а не сакате грижи за оддржување, поддршка и управување со лиценци, изберете еден од пакетите за Виртуелен компаниски портал - Work Share.
Со Виртуелениот компаниски портал ви овозможуваме поставување на посебни виртуелни компаниски портали, преку кои управувањето и одобрувањето на компаниските документи, управувањето со проекти и сите останати колаборациски активности е брзо и едноставно.
Хардверска инфраструктура која што ја обезбедува оваа услуга е целосно редундантна, инсталирана во целосно опремен и заштитен податочен центар со најсовремени системи и постапки за одржување.
Пакети
Пристапот до услугата Виртуелениот компаниски портал е овозможен од која било локација, преку кој било уред со интернет пристап (100% веб пристап).
Сите пакети ги овозможуваат истите функционалности, а единствена разлика меѓу нив е големината на просторот за сместување на податоци и бројот на вклучени истовремени сесии.
Во пакетите е вклучена:
- интегрирана заштитна копија на податоците (backup)
- администраторски пристап за управување со корисници и функционалности
Сите функционалности во рамки на пакетите се овозможени преку Alfresco софтверот со отворен код.
Пакет (1) (2) |
Простор |
Број на сесии |
S |
10 GB |
5 истовремени сесии |
M |
30 GB |
10 истовремени сесии |
L |
75 GB |
25 истовремени сесии |
XL |
200 GB |
50 истовремени сесии |
Дополнителни услуги |
|
Дополнителен простор |
5 GB |
Дополнителни корисници |
5 |
Обновување на податоци |
Професионална помош
За сите корисници на пакетите Виртуелениот компаниски портал обезбедена е можности за професионална помош за обновување на податоци. Обновувањето на податоците обезбедува можност за враќање на компанискиот портал или само на некои елементи во состојбата постара од актуелната, но не постара од 3 месеци.
За повеќе информации јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 10800.
(1) Еден корисник може да користи само еден пакет, и да мигрира од еден во друг пакет. Со пакетите, корисникот добива една DNS регистрација на серверите на Македонски Телеком, којашто е потребна за веб пристап до корисничкиот виртуелен компаниски портал. DNS регистрацијата не опфаќа веб домен, кој е потребен за веб страната на корисникот, или каква било друга веб комуникација надвор од она што го обезбедува услугата Виртуелен диск.
(2) Максималната дозволена големина на датотека која може да се смести на порталот е 100 MB.