webSMS

Со новиот начин на користење на webSMS услугата, сега можете да праќате SMS пораки преку интернет, од кој било уред, без потреба од претходна инсталација на апликацијата.

Со новините во webSMS услугата добивате:

  • Директен пристап до апликацијата преку интернет страницата, без потреба од нејзина претходна инсталација на вашиот уред;
  • Можност за праќање SMS пораки од каков било уред (компјутер, лаптоп, мобилен, таблет, итн.) кој има интернет пристап и интернет пребарувач;
  • Можност за праќање SMS пораки од дома и од странство, секаде каде што има интернет пристап;
  • Можност за праќање SMS пораки до повеќе корисници истовремено - групно праќање;

Цена на SMS порака:

  • Kон домашни мрежи е 3,5 денари;
  • Кон меѓународни мрежи е 6 денари;
  • Дополнителни функционалности на услугата како креирање именик со лични контакти, преглед на пратени пораки на барање на корисникот итн.

Важно: Доколку сте постоен корисник на webSMS услугата, за да продолжите да го користите сервисот ќе биде потребно повторно да се регистрирате на следниов линк.

Повеќе информации за користењето може да најдете на следниот линк.

Десктоп верзија