Дополнете кредит од постпејд на припејд!

Наједноставен начин да дополните припејд кредит

Услуга „Дополнете кредит од постпејд на припејд”, овозможува наједноставен начин на дополнување припејд кредит од постпејд сметка. Можете да дополните кредит во износ по ваш избор: 100 ден, 150 ден., 200 ден., 250 ден., 300 ден., 590 ден., 900 ден. или 2.000 ден. За да ја испробате услугата, направете го првото префрлување кредит од 100 денари бесплатно!

Македонски Телеком ви овозможува повеќе начини за надополнување кредит на припејд број. Одберете го начинот што најмногу ви одговара, заштедете време и израдувајте ги оние што ви значат.

Дополнете преку 122 или преку Мој Tелеком

Доволно е да се јавите на бесплатниот број 122 и да ги следите инструкциите на говорниот автомат или да се најавите на Мој Телеком и во менито Дополнување кредит од постпејд на припејд, внесете го припејд бројот и типот на ваучерот за да го дополните кредитот на саканиот број. Потоа преку SMS порака ќе бидете известени за извршеното префлање кредит од вашата постпејд сметка на припејд сметката на избраниот број. Надополнетиот припејд кредит ќе биде наплатен на вашата постпејд месечна сметка.

Дополнете кредит преку Интернет

Веќе нема потреба да ја напуштате удобноста на домот за да надополните кредит. Сега можете да дополните кредит и преку е-бизнис порталот со платежна картичка.

Повеќе информации околу постапката за е-дополнување ќе пронајдете ТУКА каде може да го извршите дополнувањето.

Дополнете припејд сметка преку банкомат

Отсега, можете електронски да дополните која било припејд сметка и преку банкомат. Појдете со својата платежна картичка до еден од банкоматите на Стопанска банка или НЛБ Тутунска банка и следете ги инструкциите на екранот:

  • Изберете го менито за дополнителни услуги,
  • Изберете ваучер за мобилен,
  • Изберете го износот што сакате да го надополните,
  • Внесете го телефонскиот број и дополнете припејд сметка.

Во која било Телеком продавница можете да побарате издавање сметка за извршеното надополнување. Погледнете ги детално сите чекори потребни за дополнување кредит!

pageArea reserved, leave empty!!!