Е-едукација EPISTUM Cloud

  • Веб базирано решение за е-едукација и e-тестирање
  • Едноставен и брз пристап преку интернет од било каде
  • Интерактивност со слушателите
  • Помали трошоци за едукација
  • Леснa прилагодливост на потребите на корисниците
  • Детални извештаи и статистички податоци

Опис

EPISTUM Cloud e веб базирано решение за учење на далечина, коe овозможува сместување и администрација на едукативни и интерактивни курсеви, меѓусебна интеракција на студентите и тренерите. Со решението се олеснува процесот на обучување, притоа намалувајќи ги трошоците за тоа.

Со EPISTUM Cloud можете да креирате достапни, квалитетни и унифицирани онлајн курсеви и тестови, да добивате детални извештаи за развојот на слушателите на курсевите, и да имате единствено место за чување на сите едукативни материјали, со пристап до нив во секое време и од секое место.

Курсевите може да се изведуваат со користење на интерактивни вежби, тестирања, видео конференции, wiki опција, материјали за учење.

Решението е погодно за едукативни установи и за компании кои организираат обуки и едукација за своите вработени.

За да ја користите EPISTUM Cloud услугата потребно е да се претплатите на EPISTUM Base којa обезбедува пристап до системот, вклучува пет кориснички лиценци, како и курсеви за: администратор, корисник и методологијата за правење на е-курсеви.

Во зависност од потребите на компанијата, корисникот може да се претплати за користење на дополнителни лиценци: EPISTUM Client и EPISTUM Edu. Лиценците EPISTUM Edu се наменети за компании кои се регистрирани за вршење на едукативна дејност. Сите останати компании можат да ги користат лиценците EPISTUM Client.

Јавете се на бесплатниот број 0800 10800 и закажете лична презентација во вашата компанија.

Функционалности

  • Виртуелни предавања

    Со EPISTUM Cloud не мора да бидете на истата локација за да одржите или чуете предавање. EPISTUM Cloud нуди виртуелен аудио и видео простор за онлајн комуникација на голем број луѓе во исто време преку кој можете да споделувате знаења брзо и лесно.

  • Ориентациски пакет за ново-вработени

    Ова е совршената алатка за воведување на ново-вработени во процесите на компанијата. Преку неа ќе им овозможите на новите вработени брзо и ефикасно да се запознаат со работните обврски кои се очекува да ги исполнуваат.

  • Обуки за нови интерни процедури

    Интерактивните обуки со EPISTUM Cloud се креираат брзо и лесно, за навремено и квалитетно доставување на информациите поврзани со новите процедури до клучните вработени.

  • Тестирање на знаењето на вработените

    Преку EPISTUM Cloud можете да водите целосна евиденција за развојот на секој од вашите вработени, со лесно прилагодување на тестовите по време, обем и организациска структура, за што подобри резултати. EPISTUM Cloud автоматски врши оценување и генерира детален извештај за напредокот на секој вработен.

  • Тестирање при прием на ново-вработени

    EPISTUM Cloud нуди автоматизирани тестови за евалуација со детални извештаи за резултатите од секој кандидат за вработен, за брзо и лесно да можете да процените дали кандидатот има добри познавања од клучната област.

Цени без ДДВ

За да ја користите EPISTUM Cloud услугата потребно е да се претплатите на EPISTUM Base којa обезбедува пристап до системот. Во зависност од потребите, може да се претплатите на дополнителни лиценци: EPISTUM Client или EPISTUM Edu. Лиценците EPISTUM Edu се наменети за компании кои се регистрирани за вршење на едукативна дејност. Сите останати компании можат да ги користат лиценците EPISTUM Client.


Лиценца Месечна претплата
EPISTUM Base 9.999 ден.
EPISTUM Client 99 ден.
EPISTUM Edu 19 ден.

Дополнителни услуги

На барање на секоја фирма корисник, може да се понудат дополнителни услуги – креирање на интерактивни специјализирани курсеви за едукација.


Тип на курс Број на тестови Број на страници Формат Говор Еднократен надомест
Basic E 1 45 електронски вклучен 24.800 ден.
Basic P 1 45 хартиени вклучен 37.200 ден.
Medium E 2 90 електронски вклучен 49.600 ден.
Medium P 2 90 хартиени вклучен 62.000 ден.
Advanced E 3 150 електронски вклучен 74.400 ден.
Advanced P 3 150 хартиени вклучен 86.800 ден.
Gold E 2 50 електронски вклучен 99.200 ден.
Gold P 2 50 хартиени вклучен 111.600 ден.
Premium E 3 100 електронски вклучен 124.000 ден.
Premium P 3 100 хартиени вклучен 148.800 ден.

Цените се без вклучен ДДВ.

Цени со ДДВ

За да ја користите EPISTUM Cloud услугата потребно е да се претплатите на EPISTUM Base којa обезбедува пристап до системот. Во зависност од потребите, може да се претплатите на дополнителни лиценци: EPISTUM Client или EPISTUM Edu. Лиценците EPISTUM Edu се наменети за компании кои се регистрирани за вршење на едукативна дејност. Сите останати компании можат да ги користат лиценците EPISTUM Client.


Лиценца Месечна претплата
EPISTUM Base 11.799 ден.
EPISTUM Client 117 ден.
EPISTUM Edu 22 ден.

Дополнителни услуги

На барање на секоја фирма корисник, може да се понудат дополнителни услуги – креирање на интерактивни специјализирани курсеви за едукација.


Тип на курс Број на тестови Број на страници Формат Говор Еднократен надомест
Basic E 1 45 електронски вклучен 29.264 ден.
Basic P 1 45 хартиени вклучен 43.896 ден.
Medium E 2 90 електронски вклучен 58.528 ден.
Medium P 2 90 хартиени вклучен 73.160 ден.
Advanced E 3 150 електронски вклучен 87.792 ден.
Advanced P 3 150 хартиени вклучен 102.424 ден.
Gold E 2 50 електронски вклучен 117.056 ден.
Gold P 2 50 хартиени вклучен 131.688 ден.
Premium E 3 100 електронски вклучен 146.320 ден.
Premium P 3 100 хартиени вклучен 175.584 ден.

Цените се со вклучен ДДВ.

pageArea reserved, leave empty!!!