Плаќањето со траен налог е наменето за сите кои сакаат секогаш навреме да ги подмират трошоците за нашите услуги. Доколку го изберете трајниот налог како начин за плаќање, банката редовно ќе врши наплата на денот утврден како краен рок за плаќање, назначен на сметката.
Што претставува траен налог?
Трајниот налог е едноставен, сигурен и брз начин на плаќање на редовните сметки, директно од вашата трансакциска сметка во банката, при што однапред можете да го дефинирате и максималниот лимит што може да се плати од сметката. Со ваша согласност за плаќање на сметката од Македонски Телеком преку траен налог ја овластувате банката редовно да врши плаќање на денот утврден како краен рок за плаќање, назначен на сметката (фактурата) која и понатаму ќе ја добивате. Доколку месечниот износ на сметката е поголем од назначениот максимален лимит или на трансакциската сметка нема доволно средства, плаќањето за тој месец нема да се изврши преку траен налог и обврската за плаќање на сметката за тој месец останува. Со еден траен налог може да се плаќа за повеќе претплатнички конта, независно што тие гласат на друго име, а траен налог може да потпише кој било член од семејството.
Што добивате?
Плаќањето преку траен налог (со или без лимит) обезбедува повеќе поволности:
- Го штедите вашето време избегнувајќи го чекањето на шалтерите;
- Сметките ќе бидат платени автоматски и крајните рокови за плаќање нема да бидат пропуштени;
- Не плаќате провизија и ви помага да управувате со своите финансии;
- Имате контрола врз плаќањата (максимален износ и точен рок на плаќање).
Како до траен налог?
Согласност за плаќање со траен налог можете да дадете едноставно со потпишување на формуларот за траен налог во сите продажни места на Македонски Телеком или во филијалите на:
- Стопанска банка АД Скопје
- Комерцијална банка АД Скопје;
- НЛБ Тутунска банка АД Скопје (само во банката);
- Прокредит банка АД Скопје;
- Халкбанк АД Скопје;
- Уни банка АД Скопје;
- Охридска банка АД Охрид;
- Шпаркасе банка Скопје;
- со Diners картичките.