Е-сметка

Електронската сметка (Е-сметка) претставува замена за хартиената сметка (фактура) што ја добивате по пошта на вашата домашна адреса. Користењето на услугата значи само промена на начинот на кој сметките се праќаат, содржината на сметката е иста. Е-сметката е бесплатна, едноставна, лесна за ракување и пред сè еколошка.

Со услугата Електронска сметка ги добивате следниве предности и поволности:

  • Eлектронско следење на месечните трошоци;
  • Добивање на сметката на вашата е-адреса на почетокот од секој месец;
  • Преглед и промена на е-адресата на активираната е-сметката на вашиот кориснички профил на Мој Телеком;
  • Можност сметката веднаш да ја платите онлајн;
  • Заштеда на време;
  • Придонес за заштита на животната средина.

Сè што треба да направите за да користите Електронска сметка е да ја активирате услугата давајќи согласност за добивaње сметка во електронска форма на вашата е-адреса.

Услугата Е-сметка можете да ја активирате на еден од следните начини:

Условите за користење Е-сметка се следните:

  • Се согласувaте месечните сметки за користење на вашите услуги да ви се доставуваат во електронска форма, а увид во сметките ќе имате на порталот Мој Телеком. Доколку имате потреба од сметка во печатена форма, согласни сте да се обратите во некоја од нашите продавници.
  • Врз основа на вашата согласност, Македонски Телеком - АД Скопје се обврзува да ви ја праќа сметката на почетокот од секој месец на вашата е-адреса и да ја постави на порталот Мој Телеком, каде што вие како претплатник имате обврска да ја проверите и да го почитувате рокот за плаќање.
pageArea reserved, leave empty!!!