Македонски Телеком АД при процесот на набавки поаѓа од законската регулатива како и својата внатрешна регулатива со кои се регулира начинот и постапката за вршење на набавките на производи и вршење на услуги.
Македонски Телеком АД го обавува процесот на набавки транспарентно а со цел да избере најсоодветен добавувач за предметната набавка од аспект на цена, рокови и место на испорака,квалитет на приозводите и услугите.
За да ги постигне горе наведените цели Македонски Телеком АД ги имплементира следните функции и промени:
- Објавувањето на тендерот овозможува полесно избирање на најповолниот добавувач за Компанијата.
- Стандардизираниот процес за договорите со добавувачите и барањата за понуди,стандардните документи и нивна обработка преку интегрираното информатичко решение дава стабилност при односот на корисниците и добавувачите.
- Со примена на квалификациониот систем за добавувачи Компанијата ќе одржува контакти со избрани добавувачи така што ќе се остваруваат попогодни договорни услови како за Македонски Телеком АД така и за добавувачите.