Небезбедните веб страници содржат ризици од кои
SafeNet OFFICE ве штити. Заканите можат да се поделат во следниве категории:
- Malware (злонамерен софтвер) може да го зарази уредот од кој сурфате со тоа што ќе биде преземен преку интернет прелистувачот кога корисникот ќе посети заразена веб страница. Злонамерниот софтвер може да биде дизајниран со цел да го снима притискањето на секое копче од тастатурата на уредот.
- Spyware (шпионски софтвер) ги следи онлајн активностите на заразениот уред.
- Worm (црв) го заразува уредот при што интернет конекцијата станува бавна поради тоа што црвот ја користи за да пронајде други ранливи уреди во кои би се вовлекол.
- Botnet attacks (ботнет напади). Хакерите често контролираат мрежи од заразени компјутерски уреди наречени „зомби” или „ботнет” мрежи, кои се користат за напад на други компјутерски уреди.