Начин на користење на услугата
Услугата се обезбедува преку специјална СИМ картичка која може да се користи само за интернет и има забрана за сите други услуги (говор, SMS).
СИМ картичката се става во уредот на кој ќе се споделува интернет сообраќајот.
Интернет картичката останува активна во случај на промена на Mobile или Magenta 1 тарифниот модел. При избор на тарифа која нема можност за делење на интернетот, интернет картичката автоматски ќе се деактивира.
Посетете ја најблиската Телеком продавница, земете СИМ картичка за користење Сподели интернет и уживајте во безгрижно сурфање на два уреда истовремено!