10-та симфонија на Бетовен

Во 2021-ва?

Да, возможно е...

Наскоро, незамисливото ќе оживее:
10-та симфонија на Бетовен, довршена со помош на вештачката интелигенција (AI), ќе ја прослави својата премиера

Време 19:00 часот
Датум 09 Октомври 2021
Пренос во живо на:
  • Овој веб сајт
  • MaxTV, инфо канал бр. 7
  • Дигитален билборд на плоштад „Македонија“, Скопје

ТЕХНОЛОГИЈАТА И ЧОВЕКОТ ВО ЗАЕДНИЧКА ПРОСЛАВА НА ГЕНИЈАЛНОСТА НА ЛУДВИГ ВАН БЕТОВЕН

Минатата година се одбележа 250-годишнината од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен. По тој повод, на иницијатива на Дојче Телеком, врвни меѓународни експерти од областа на вештачката интелигенција (AI) , музиколози, теоретичари и музичари со сериозен академски авторитет, се обединија и под водство на Д-р Матијас Рудер, директор на Институтот Карајан, создадоа нешто што никогаш не било направено досега.

ВОЗБУДЛИВИОТ ПАТ ДО ЗАВРШУВАЊЕ НА 10-ТА СИМФОНИЈА НА БЕТОВЕН

Лудвиг Ван Бетовен зад себе има оставено
9 спектакуларни симфонии, но и нацрти и белешки за недовршената 10-та симфонија. Во меѓусебна координација и повеќегодишна соработка, тимот ја „доврши“ 10-та симфонија на Бетовен. Со помош на вештачката интелигенција (AI) експертите ги компилираа фрагментите со цел да ја оживејат
10-та симфонија. Несекојдневниот резултат е плод на длабоки анализи на претходните дела на Бетовен, неговите влијанија, музичкиот речник и многу други аспекти, коишто со помош на вештачката интелигенција (AI) ја создадоа
10-та симфонија. Се работи за експеримент во кој специјален алгоритам беше „нахранет“ со изобилство на податоци, од кои подоцна произлезе првото музичко дело во кое вештачката интелигенција игра клучна улога. За овој пристап беа избрани алгоритми за обработка на глас, бидејќи музиката, како и јазикот, се состои од мали единици, букви или ноти, што резултираат со значење кога се спојуваат. Овој сеопфатен концепт беше од суштинско значење за експериментот.

ДОЖИВЕЈТЕ ЈА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЖИВО

Премиерната изведба во живо на 10-та Симфонија ќе се одржи на 09.10 во 19:00 часот во Бон, каде што Бонскиот Бетовен Оркестар ќе го интерпретира производот од соработката на најсовремената технологија и експертизата на стручниот тим. Органист ќе биде Камерон Карпентер, еден од најпочитуваните изведувачи на овој инструмент во светот. Светската премиера ќе биде емитувана во живо онлајн за македонската јавност. Концертот можете да го проследите на овој веб сајт, како и на инфо каналот бр. 7 на MaxTV и на дигиталниот билборд на плоштад „Македонија“, Скопје, а на 10-та Симфонија ќе ѝ претходи и дополнителна програма, па препорачуваме да се вклучите во 19:00 часот.

Програма

10-ТА СИМФОНИЈА НА БЕТОВЕН Премиера
19:00 - 20:30 часот 09.10.2021
19:00 часот Добредојде и вовед на програмата, модератор Аксел Бригеман
19:03 часот Краток говор на Тим Хетгес
19:10 часот Филм за довршување на 10-та симфонија
19:15 часот Премиера на 10-та симфонија – 4-ти став: изведувач Камерон Карпентер
19:40 часот Дискусија со експерти
20:00 часот Изведба на 8-та симфонија на Бетовен

Водење на програмата и дискусии на германски јазик. Обезбеден симултан превод на англиски јазик.

Список на гости/експерти на настанот:

  • Др. Матијас Редер – проект менаџер на „Beethoven AI“ и директор на Институтот Карајан во Салцбург
  • Валтер Верзова – композитор и главен комерцијален директор на Музикфергнуген
  • Проф. Ахмед Елгамал – експерт за машинско учење, директор на Лабораторијата за уметност и вештачка интелигенција на Универзитетот Рутгерс
  • Дирк Кафтан – генерален музички директор во Бон и диригент на Бонскиот Бетовен Оркестар
  • Камерон Карпентер – органист
  • Аксел Бригеман – музички новинар и водител (на вечерта)
  • Тим Хетгес – Претседател на Управниот одбор на Дојче Телеком
  • Специјален гостин (класичен музичар)
Десктоп верзија