Сите припејд корисници кои во тековниот месец ќе надополнат одредена сума, во следниот месец добиваат можност за активирање екстра придобивка по свој избор – дополнителен интернет, викенд минути, Опција Stream On, Опција 100 или Опција Speak Out.

Вкупна сума од надополнувања
во тековниот месец
Екстра придобивки
249 – 449 ден. 1 GB интернет  Неограничени викенд минути – 1 викенд Опција 100
450 ден. и повеќе 4 GB + Опција Stream On Неограничени викенд минути – 4 викенди 4 GB + Опција Speak Out

Екстра придобивките се достапни и можат да се активираат само преку Telekom MK апликацијата.

По завршување на тековниот месец, во менито Достапни пакети од УПРАВУВАЊЕ СО УСЛУГИТЕ стануваат видливи Екстра придобивките доделени според вкупната сума од надополнувањата во претходниот месец.

Корисниците можат да изберат само една Екстра придобивка во еден месец.*

  • Дополнителниот 1 GB интернет достапен е за користење 7 дена од денот на активирањето.
  • Неограничените викенд минути за разговори кон сите мрежи, во првата категорија на придобивки, достапни се за користење првиот викенд по активирањето.
  • Неограничените викенд минути за разговори кон сите мрежи, во втората категорија на придобивки, достапни се за користење 30 дена од активирањето (четири викенди по ред).
  • Пакетот 4GB + Stream On достапен е за користење 7 дена од денот на активирањето. Со Опцијата Stream On добивате можност за неограничено следење MaxTV GO, HBO GO, NETFLIX and YOUTUBE без да се троши основниот или дополнителниот интернет.
  • Пакетот 4GB + Speak Out достапен е за користење 7 дена од денот на активирањето. Опцијата Speak Out ви овозможува неограничен интернет сообраќај за користење на социјалните мрежи Facebook, Messenger, Instagram, WhatsApp, Tinder, Snapchat, TikTok и Twitter преку мобилната мрежа на Телеком, без притоа да трошите од мобилниот интернет вклучен во пакетот.
  • Опција 100 е достапна за користење 7 дена од денот на активирање. Со Опција 100 добивате неограничени разговори и 100 СМС пораки во мрежата на Телеком и 100 MB интернет.

* Доколку корисникот веќе има активна Екстра придобивка, новата придобивка, за наредниот месец, ќе му биде достапна за активирање по истекот на важноста на претходната.



Десктоп верзија