IP Centrex пакети

цени без ДДВ

Нови поволности во IP Centrex пакетите за бизнис корисници:

  • Неограничени фиксни и мобилни разговори, изедначување на содржините како во Magenta 1 Business портфолиото
  • Нов поедноставен зонален модел за меѓународни разговори: Соседство, Балкан, Европа и Свет, ист зонален модел како во Magenta 1 Business портфолиото

IP Centrex M

Пакет со вклучени 4 линии

  • Неограничени разговори кон сите мрежи

IP Centrex L

Пакет со вклучени 10 линии

  • Неограничени разговори кон сите мрежи
  • 50 минути кон меѓународни мрежи


  • Со пакетот М може да се активираат плус до 4 дополнителни линии (локали), а со L плус до 10 ТЛ1 линии (локали).
  • Цената за дополнителна линија (локал) е 249 денари месечно за пакетот M и 199 денари за пакетот L.
  • Цената за првата инсталирана дополнителна линија на друга локација е 499 денари месечно.

Сите цени се без вклучен ДДВ.

цени со ДДВ

Нови поволности во IP Centrex пакетите за бизнис корисници:

  • Неограничени фиксни и мобилни разговори, изедначување на содржините како во Magenta 1 Business портфолиото
  • Нов поедноставен зонален модел за меѓународни разговори: Соседство, Балкан, Европа и Свет, ист зонален модел како во Magenta 1 Business портфолиото

IP Centrex M

Пакет со вклучени 4 линии

  • Неограничени разговори кон сите мрежи

IP Centrex L

Пакет со вклучени 10 линии

  • Неограничени разговори кон сите мрежи
  • 50 минути кон меѓународни мрежи


  • Со пакетот М може да се активираат плус до 4 дополнителни линии (локали), а со L плус до 10 ТЛ1 линии (локали).
  • Цената за дополнителна линија (локал) е 294 денари месечно за пакетот M и 235 денари за пакетот L.
  • Цената за првата инсталирана дополнителна линија на друга локација е 589 денари месечно.

Сите цени се со вклучен ДДВ.

IP Centrex опис

IP Centrex услугата им овозможува на компаниите модерно решение на потребите за PBX функционалности. Наместо да купуваат своја телефонска централа, овие функционалности им ги обезбедува Телеком преку својата телекомуникациска опрема.

Услугата овозможува ефикасен начин на комуникација помеѓу вработените, со брзо бирање со кратки 2-5 цифрени броеви (локали), разговарање меѓу себе по поволни цени, и комуницирање со ред функционалности како префрлање, пренасочување, распределување на повиците и др.

Главни предности на услугата се:

  • Корисникот не треба да купува сопствена телефонска централа, не треба веднаш да вложува многу пари.
  • Нема трошоци за сервисирање и одржување, и не се троши електрична енергија за централата.
  • Компанијата со IP Centrex услугата си гради систем за комуникации по своја мерка при што лесно може да ги подесува функционалностите и капацитетот во зависност од потребите на вработените.
  • Посебна предност во однос на класичните PBX телефонски централи е нејзината достапност, можност да ги поврзе нивните канцеларии на различни локации низ целата земја.
  • Едноставна е за употреба, а доверливоста на услугата е на високо ниво, на ниво на доверливоста на Телеком мрежата.
  • Телефонските линии на една компанија кои ќе се стават во IP Centrex група се поврзани со мрежата на Телеком на ист начин како и обичните корисници, со директен влез и излез за разговарање и може нормално да ги користат како стандардна телефонска линија.
  • Корисниците ќе можат услугата да ја користат и со аналогни и со IP телефони, кои се нудат во Телеком продавниците, и преку било која технологија, бакар или оптика.

IP Centrex функционалности

IP Centrex услугата обезбедува ред напредни функционалности кои ги олеснуваат комуникациите во компаниите:

  • Автоматски водич на повици (Auto-attendant service)
  • Автоматска дистрибуција на повици (Automatic call distributor)
  • Hunt групи (Hunt groups)
  • Секретарска група на менаџерот (Manager/secretary function)
  • Музика за чекање (Music on hold)
  • Идентификација на повик (CLIP)
  • Забрана за идентификација на повик (CLIR)
  • Забрана за бирање (Call barring)
  • Повратен повик (Call return)
  • Ноќно пренасочување (Night service)
  • Пренасочување на повик (Call forward)
  • Повторно бирање на последниот биран број (Last number redial)
  • Префрлување на повик (Call transfer)
  • Повик на чекање (Call waiting)
  • Конференциска врска (Conference call)
  • Web портал за управување со услугата од страна на компанијата

Овие функционалности не се наплаќаат дополнително.

Цени за разговори

Пакети за меѓународни разговори
Нови меѓународни зони цени без ДДВ цени со ДДВ
Соседство 20 ден. 23,60 ден.
Балкан 30 ден. 35,40 ден.
Европа 40 ден. 47,20 ден.
Свет 50 ден. 59,00 ден.
pageArea reserved, leave empty!!!