Дисплејот има заоблени агли со убав заоблен дизајн, а аглите лежат во стандарден правоаголник. Измерено во правоаголна форма, екранот изнесува 13,7 cm (5,42 инчи) (iPhone 13 mini, iPhone 12 mini), 14,8 cm (5,85 инчи) (iPhone 11 Pro, iPhone XS, iPhone X), 15,3 cm (6,06 инчи) (iPhone 13 Pro, iPhone 13, iPhone 12 Pro, iPhone 12, iPhone 11, iPhone XR), 16,4 cm (6,46 инчи) (iPhone 11 Pro Max, iPhone XS Max) или 16,9 cm (6,68 инчи) (iPhone 13 Pro Max, iPhone 12 Pro Max) дијагонално. Реалната површина за користење е помала.

Потребна е тарифа за мобилен интернет. 5G, Gigabit LTE, VoLTE и повици преку безжична мрежа се достапни во одредени пазари и преку одредени оператори. Пресметките за брзината се засноваат врз теоретски проток и зависат од условите и од операторот. За повеќе информации за поддржаните 5G и LTE поврзувања, обратете се до вашиот оператор и посетете ја веб-страницата apple.com/iphone/cellular.

Карактеристиките на батеријата зависат од мрежната конфигурација и од голем број други фактори, па така, реалните перформанси на батеријата може да варираат од опишаното тука. Батеријата има ограничен број циклуси на полнење и може да се замени во овластен застапник на Apple. Времетраењето на батеријата и циклусите на полнење зависат од начинот на користење и од поставките на уредот. Посетете ги apple.com/batteries и apple.com/iphone/battery.html за повеќе информации.

iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, iPhone XS, iPhone XS Max, iPhone XR, iPhone SE (втора генерација), iPhone 11 Pro, iPhone 11 Pro Max, iPhone 11, iPhone 12 Pro, iPhone 12 Pro Max, iPhone 12, iPhone 12 mini, iPhone 13 Pro, iPhone 13 Pro Max, iPhone 13 и iPhone 13 mini се отпорни на прскање, вода и прашина и се тестирани во контролирани лабораториски услови; iPhone 12 Pro, iPhone 12 Pro Max, iPhone 12, iPhone 12 mini, iPhone 13 Pro, iPhone 13 Pro Max, iPhone 13 и iPhone 13 mini имаат рејтинг од IP68 согласно стандардот IEC 60529 (максимална длабочина од 6 метри во времетраење од 30 минути); iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max имаат рејтинг од IP68 согласно стандардот IEC 60529 (максимална длабочина од 4 метри во времетраење од 30 минути); iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone 11 имаат рејтинг од IP68 согласно стандардот IEC 60529 (максимална длабочина од 2 метри во времетраење од 30 минути); и iPhone 7, iPhone 7 Plus, iPhone 8, iPhone 8 Plus, iPhone X, iPhone XR и iPhone SE (втора генерација) имаат рејтинг од IP67 согласно стандардот IEC 60529 (максимална длабочина од 1 метар во времетраење од 30 минути). Отпорноста на прскање, вода и прашина не е трајна состојба. Можно е отпорноста да се намали како резултат на вообичаеното користење на уредот. Не полнете влажен iPhone; за дополнителни упатства за чистење и сушење, прочитајте го упатството за користење. Оштетувањата настанати поради течноста не се покриени со гаранцијата на уредот.

Реално достапниот капацитет за зачувување содржини е помал и зависи од многу фактори. Стандардната конфигурација користи приближно помеѓу 12 GB и 17 GB меморија, вклучувајќи го iOS 15 и најновите опции, како и апликациите на Apple што може да се избришат. Апликациите на Apple што може да се избришат користат простор од околу 4,5 GB, што може повторно да се преземат од App Store. Капацитетот на меморијата зависи од верзијата на софтверот, поставките и од моделот на iPhone.

Големината и тежината зависат од конфигурацијата и од процесот на производство.

Достапноста на ултраширокопојасен сигнал зависи од регионот.

Услугите на праќање и примање пари преку картичките Apple Pay и Apple Cash ги овозможува „Green Dot Bank“, член на FDIC. Дознајте повеќе за Условите за користење.

Ако сте учесник, може да трошите од сметката, но не сте одговорни за плаќањата. Учесниците што се пријавени во кредитното биро на сметка што има негативна историја на плаќања (на пример, доспеана сметка) или е премногу користена, може да имаат негативно влијание врз кредитоспособноста. Историјата на плаќања се пријавува и за учесниците што сакаат да се приклучат, што, пак, може да има позитивно или негативно влијание врз кредитоспособноста. Ако сте сосопственик, тоа значи дека ќе сносите заедничка одговорност за сите аспекти на сметката, вклучувајќи ги и сите трансакции и обврски за плаќање. Исто така, сосопствениците ќе имаат целосен преглед на целокупната активност на сметката и секој сосопственик е одговорен за насоките или барањата на другите сосопственици. Одговорноста за сосопственик вклучува ризик, вклучувајќи ја и можноста кредитното биро да ги пријави сите неправилности на заедничката сметка. Учесниците во семејната картичка на Apple (Apple Card Family) и сосопствениците не мора да бидат во семејна врска, но мора да бидат дел од истата семејна група за споделување на Apple (Apple Card Family). За да добиете пристап до сите опции на картичката Apple и да може да ги користите сите нив, мора да ја додадете картичката во Wallet на iPhone или iPad со последната верзија на iOS или iPadOS. Преземете ја последната верзија во Поставки > Општо > Ажурирање на софтвер. Допрете „Преземи и инсталирај“. Достапно за одредена категорија баратели во САД што ги исполнуваат потребните критериуми. Картичката Apple ја издава банката „Goldman Sachs Bank USA“, филијала во Солт Лејк Сити.

За повиците преку FaceTime, потребно е и двајцата учесници да имаат уред што поддржува FaceTime и поврзаност со безжична мрежа. Достапноста преку мобилна мрежа зависи од политиките на операторот; можно е да се наплати надоместок за мобилен интернет.

Можно е опцијата „Siri“ да не биде достапна на сите јазици или во сите области, а поединечните функции зависат од областа. Потребен е пристап до интернет. Можно е да се наплати надоместок за мобилен интернет.

За „Hey Siri“ на iPhone 6 и iPhone 6 Plus е потребно поврзување со напојување.

Безжичните полначи се продаваат одделно.

Тестирање спроведено од Apple во август 2017 година користејќи претпроизводство на единици и софтвер за iPhone X, iPhone 8 и iPhone 8 Plus и во август 2018 година користејќи претпроизводство на единици и софтвер за iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR со додаток Apple адаптери USB-C (18W модел A1720, 29W модел A1540, 30W модел A1882, 61W модел A1718, 87W модел A1719). Тестирање спроведено од Apple во август 2019 година користејќи претпроизводство на единици и софтвер за iPhone 11, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max и додаток Apple адаптери USB-C (18W модел A1720, 29W модел A1540, 30W модел A1882, 61W модел A1947 и 87W модел A1719). Тестирање спроведено од Apple во февруари 2020 година користејќи претпроизводство на единици и софтвер за iPhone SE (втора генерација) и додаток Apple адаптери USB-C (18W модел A1720 и 30W модел A1882). Тестирање спроведено од Apple во септември 2020 година користејќи претпроизводство на единици и софтвер за iPhone 12 mini, iPhone 12, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max и додаток Apple адаптер USB-C (20W модел A2305). Тестирање спроведено од Apple во август 2021 година користејќи претпроизводство на единици и софтвер за iPhone 13 mini, iPhone 13, iPhone 13 Pro, и iPhone 13 Pro Max и додаток Apple адаптер USB-C (20W модел A2305). Тестирање со брзо полнење спроведено со празни iPhone единици. Времето на полнење зависи од поставките и од околните фактори; реалните резултати ќе варираат од прикажаното тука. За користење eSIM-картичка, потребно е да имате тарифа за безжични услуги (што може да вклучува ограничувања во однос на префрлање на други даватели на услуги и роаминг услуги, дури и по истекувањето на договорот за услуги). Само одредени оператори поддржуваат користење eSIM-картичка. ај некои оператори, користењето eSIM-картичка во iPhone е оневозможено. Обратете се кај вашиот оператор за дополнителни информации. За да дознаете повеќе, посетете ја веб-страницата support.apple.com/en-us/HT212780.

Десктоп верзија