Македонски Телеком АД е компанија која постојано се фокусира врз потребите и побарувањата на корисниците. Согласно својата мисија и стратегија за развој постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, притоа воведувајќи новини во работењето, а се со цел да одговори на потребите на своите корисници.

Во функција на остварување на оваа наша стратешка определба, постојано ги следиме и применуваме најновите методи и трендови во процесот на вработување и управување со човечките ресурси работејќи според највисоките светски стандарди. Па така, нудиме поедноставен пристап на сите заинтересирани за пополнување на одредени слободни работни места во Македонски Телеком АД.

Со следење на нашата страница ќе ви се овозможи постојан увид и информации за нашата потреба од пополнување на одредени огласени работни места. Ќе имате можност да ги доставувате своите апликации и да го презентирате своето професионално портфолио, како и да ги ажурирате сите новонастанати промени во вашиот професионален развој.

Вашето аплицирање и претставување на оваа страница ќе ни овозможи побрз и поефикасен увид во вашите стручни и професионални квалификации преку кои можете и вие да станете дел од тимот на Македонски Телеком АД.

Дискрецијата во процесот на барање и добивање на работа е наш столб во работењето.

Контакт

Област за човечки ресурси

E-адреса:career@telekom.mk

Aдреса:
Кеј 13-ти Ноември бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија

pageArea reserved, leave empty!!!