Видеотеката е вашето домашно кино достапно 24/7 преку кое можете да изнајмувате голем број филмови од различни жанрови, серии, детски емисии и други содржини.
Пристапете преку главното мени или со копчето
на далечинскиот управувач.
Во категоријата „Филмови“, имате можност да изнајмите филмска содржина во траење од 24 часа. Одберете го филмот што сакате да го изнајмите, притиснете „ОК" и ќе добиете повеќе информации и цена за изнајмување.
Преку „Пакети“ пристапувате до ексклузивните содржини од HBO и Pickbox пакетите, доколку сте претплатени на нив.
Со опцијата „Мој избор“ можете брзо да пристапите до моментално изнајмените филмови, до вашите омилени содржини и до последните филмови што сте ги гледале. За да додадете филм во категоријата „Омилени“, притиснете го копчето „Мој избор“ што се наоѓа во краткиот опис на секој филм.
Во бесплатната ТВ Архива можете да ги најдете следниве содржини: македонски документарци, „Патување со рабробус”, „Патување со рабробил”, „Златно славејче”, „Гроздоберче”, концерти, „Скопски џез фестивал”, „Еден на еден”, „Топ форма”, „Тинтири минтири” и некои играни филмови.
Во „Останати содржини” можете да ги изнајмите најдобрите Stand-up настапи на домашни и странски комичари или пак, да гледате документарни филмови.
Со помош на опцијата за „Пребарување“ можете да пронајдете и директно да пристапите до одредена содржина од Видеотеката според клучен збор.
Со опцијата „Промена на приказ“ имате можност да одберете преглед на содржините во Видеотеката според постери или листи.