{{cart.Items.length}}

Често поставувани прашања

Електронската сметка претставува замена за хартиената сметка (фактура) која ја добивате по пошта на вашата адреса, на почетокот од секој месец. Наместо да добивате хартиена сметка, најдоцна до петти во месецот месечната сметка ќе ја имате на порталот Мој Телеком.

Да, покрај информациите за достапноста на Eлектронската сметка на порталот Мој Телеком, на вашата контакт е-адреса во прилог е доставена и месечната сметка за фиксни, мобилни или интегрирани услуги во pdf формат.

Е-сметка можете да користите со давање согласност за замена на хартиената сметка со електронска и со активирање преку:

  • Веб страницата на https://www.telekom.mk/aktiviranje-e-smetka.nspx;
  • Порталот Мој Телеком;
  • Telekom MK апликацијата;
  • mWallet апликацијата;
  • Со бесплатен повик на говорниoт автомат 122;
  • Со потпишување Согласност за Eлектронска сметка во Телеком продавниците.

Да, услугата Електронска сметка можете да ја деактивирате преку овие канали:

  • Менито Електронска сметка од Мој Телеком;
  • Со бесплатен повик на говорниoт автомат 122 и
  • Во Телеком продавниците

и повторно од следниот месец да добивате сметка во хартиена форма.

Електронското плаќање сметки е овозможено преку Стопанска банка АД Скопје, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот. Исто така, сметката може да се плаќа и со платежни картички издадени од домашни банки во Македонија кои се користат за електронски плаќања: ТТК банка, Централна кооперативна банка (Силекс Банка), Статер банка, Стопанска банка А.Д. Битола, Халк банка и Зираат банка.

Покрај електронскиот начин на плаќање преку интернет, сметката можете да ја платите во готово или со платежна картичка од брендовите DINERS, VISA и MasterCard во телеком продавниците, во било која експозитура на Стопанска банка, или пак преку електронско банкарство, во сите експозитури на Македонска пошта. Сопствениците на тековна сметка и дебитна картичка во Стопанска банка, Комерцијална банка, Тутунска банка, Про Кредит банка и Уни банка сметката можат да ја платат и преку траен налог. Плаќање преку банкомат можете да го реализирате на сите банкомати на Стопанска Банка насекаде низ Македонија со платежните картички VISA и MasterCard издадени од Стопанска Банка АД Скопје. Mакедонски Телеком исто така ви нуди можност и за плаќање на повеќе рати.

Заштитата и сигурноста на вашите лични податоци се една од приоритетните задачи на Mакедонски Телеком. Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. Сигурноста на направените трансакции од страна на претплатниците ја гарантира Банката. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол. При вашата посета на веб страницата не вршиме прибирање на лични податоци, освен за оние информации за коишто тие се задолжителни или, пак, доброволно ги давате. Личните податоци собрани за време на вашата посета на веб страницата се обработуваат согласно позитивните прописи на Р. Македонија. Притоа, податоците поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Mакедонски Телеком ниту ги собира, ниту има пристап до информациите поврзани со вашата картичка или со вашата сметка во банка. Повеќе за користењето на вашите податоците од страна на Mакедонски Телеком, прочитајте во документот „Политика за приватност".

Услугата Електронско плаќање претставува е-плаќање на месечните сметки за фиксните и постпејд приватните корисници на Mакедонски Телеком, и се реализира во четири чекори. На порталот Мој Телеком плаќањето се реализира во следните чекори:

Чекор 1: Трансакцијата започнува во менито Електронска сметка каде што во колоната „Плати" треба да кликнете на неплатената сметка/сметки, да ја проверите е-адресата на која сакате да добиете потврда за платената сметка и да го притискате копчето „Плати". Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе сметки. Доколку плаќате повеќе од една сметка, износот во денари ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен од вашата платежна картичка. За да добиете потврда за уплатата, задолжително е да ја проверите својата е-адреса. Ако сакате да добивате потврда на друга е-адреса, потребно е да ја смените. Известување за успешноста на трансакцијата ќе добиете со SMS порака и на вашата е-адреса. По притискање на копчето „Плати", пристапувате кон извршување на плаќањето.

Чекор 2: Во овој чекор сте пренасочени на страницата овозможена од Стопанска банка, каде што ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате вашите лични податоци и податоците за платежната картичка, а на десната страна се проследени внесените податоци од Чекор 1. Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска банка, Mакедонски Телеком нема увид во податоците што ги внесувате.

Чекор 3: На оваа страница имате можност да ги потврдите внесените податоци и да продолжите понатаму, или да се откажете од електронското плаќање сметки. Сè уште се наоѓате на страницата на Стопанска банка.

Чекор 4: По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на порталот Мој Телеком, каде што ве информираме за успешноста на трансакцијата. На вашата е-адреса и на вашиот мобилен број, ќе добиете потврда за трансакцијата.

Електронската сметка можете да ја платите и преку Плати онлајн порталот и преку мобилните апликации Telekom МК и mWallet, при што е потребно да го знаете бројот на месечната сметка. На овој портал и преку мобилните апликации можете да платите до 10 неплатени сметки од различни корисници одеднаш.

На порталите Мој Телеком и Плати онлајн има демо верзија за плаќањето сметки, со која процесот на плаќање уште повеќе ќе ви се поедностави.

pageArea reserved, leave empty!!!