Нова наградна игра „Повеќе време заедно“
Во пресрет на претстојните празници кои се слават во кругот на семејството, подготвивме неколку изненадувања за нашите корисници, со кои што сакаме да пренесеме една важна порака – дека најдобриот подарок за празниците е времето поминато со најблиските.
Прво изненадување е новата наградна игра „Повеќе време заедно“, во која 50 корисници ќе добијат по 3 паметни алки за своето семејство. Во наградната игра можат да учествуваат сите нови и постојните Magenta 1 корисници, коишто ќе склучат договор најдоцна до 08.01.2017 година. Наградите ќе се извлечат на 09.01.2017 година. Потоа 50семејства ќе можат на забавен начин да поминуваат што е можно повеќе време во заеднички активности, со помош на најновата технологија, поврзана преку Bluetooth со вашите паметни телефони.
Дигитална апликација „Магичен часовник“
Второто изненадување е апликацијата „Магичен часовник“, којашто е поврзана со паметните алки. Таа претставува оригинално дигитално решение кое на семејствата ќе им дава совети за квалитетно време поминато со најблиските. „Магичен часовник“ дава и предлози за заеднички активности со децата, соодветни на нивната возраст, на актуелните настани во градот, но и на временските услови.
Друга главна функција на апликацијата и на паметните алки поврзани со неа претставува мерењето на времето кое семејството го минува заедно. Со помош на Bluetooth технологија, „Магичниот часовник“ и паметната алка ќе евидентираат колку време телефоните и алките на секој член од семејството се едни покрај други. Со тоа ќе може секој да си поставува дневни, неделни и месечни предизвици и посакувани цели.
Апликацијата „Магичен часовник“ можете да се преземе бесплатно од Google Play и App Store.