Одборот на директори на Македонски Телеком АД - Скопје, во рамките на овластувањата определени со закон и Статутот и овластувањата што изречно му се дадени од Собранието, управува со Друштвото. Правата и обврските на Одборот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва, се регулирани со Статутот на Друштвото.

  • Членовите на Одборот на директори ги избира Собранието на Друштвото на Македонски Телеком АД - Скопје.
  • Претседателот на Одборот на директори го избира Одборот на директори на Македонски Телеком АД - Скопје од редот на своите неизвршни членови.
  • Структурата, изборот, овластувањето и работењето на Одборот на директори се утврдени со Статутот на Македонски Телеком АД - Скопје и Деловникот за работа на Одборот на директори.
  • Тела формирани од страна на Одборот на директори се: Одбор за ревизија и Комитет за наградување
  • Членовите на Одборот за ревизија и Комитетот за наградување ги избира и разрешува Одборот на Директори на Македонски Телеком АД - Скопје.
  • Работењето на овие тела е дефинирано со Деловник за работа со кој се уредуваат нивните надлежности, состав и активности, а кој го усвојува Одборот на директори.
  • Правата и обврските за донесување на одлуки од страна на Одборот на директори, во согласност со Законот за трговски друштва се регулирани со Статутот на Македонски Телеком АД - Скопје.

Во рамките на овластувањата определени со Законот за трговски друштва и Статутот на Македонски Телеком АД - Скопје, Одборот на директори управува со Друштвото и се состои од 14 (четиринаесет) членови, од кои 12 (дванаесет) се неизвршни членови и 2 (два) се извршни членови кои ги носат називите Главен извршен директор и Главен оперативен директор. 4 (четири) од неизвршните членови се независни членови на Одборот на директори.

Одбор на директори на Македонски Телеком АД - Скопје

  1. Панче Кралев - неизвршен член и Претседател
  2. Назим Буши - неизвршен член и Заменик Претседател
  3. Небојша Стајковиќ - неизвршен член
  4. Валтер Голдениц - неизвршен член
  5. Михаел Франк - неизвршен член
  6. Андреа Шаги - неизвршен член
  7. Петер Жом - неизвршен член
  8. Карој Швејнингер - неизвршен член
  9. Андреас Маиерхофер - извршен член и ГИД
  10. Жарко Луковски – извршен член и ГОД
  11. Сузане Крогман - независен член
  12. Атила Кесег - независен член
  13. Александар Стојков - независен член
  14. Владимир Здравев - независен член
pageArea reserved, leave empty!!!