ОМИЛЕНИТЕ СЕРИИ, ФИЛМОВИ И МУЗИКА
КАДЕ И ДА СТЕ!

Со новата опција VIDEO гледајте ги најатрактивните видео содржини од YouTube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на вашиот мобилен уред, неограничено. Следете ги омилените филмови, серии и музика без да трошите од вашиот интернет пакет, каде и да сте.

Често поставувани прашања

VIDEO е нова опција со која можете да гледате видео содржини на вашиот смартфон, без притоа да трошите од мобилниот интернет сообраќај вклучен во претплатата.
VIDEO е за сите вас што не можете да се разделите од вашите омилени YouTube влогери, да ги следите најновите хитови од YouTube каналите на светските музички ѕвезди, да се внесете во драмата и акцијата на најгледаните ТВ серии на Netflix и HBO GO и да уживате во највозбудливите спортски содржини на MaxTV GО.
Со повик кон 122 или во најблиската Телеком продавница.
По барањето за активирање на опцијата VIDEO ќе добиете потврдна SMS порака за извршеното активирање. Од тој момент сообраќајот остварен преку мобилната мрежа за стриминг сервисите станува неограничен и не треба да се грижите за потрошувачката на интернетот вклучен во вашата тарифа.
Иако не троши од вашиот мобилен интернет, на VIDEO тој му е потребен за да може да функционира. Доколку ви се случи да го потрошите мобилниот интернет вклучен во тарифата, VIDEO ќе сопре да работи, сѐ додека не го обновите вашиот интернет со некој од нашите Mobile Surf пакети.
За оваа опција не ви се потребни инсталации и ажурирања на смартфонот, зашто таа функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем.

Вистински неограничено, без грижи!

Освен преку апликациите на наведените стриминг сервиси, VIDEO содржините можат да се гледаат
и преку други апликации и веб-страници доколку бидат вметнати во нив.
На пример, доколку видеото на одредена веб-страница е закачено преку YouTube, мрежата на Телеком ќе го препознае
и сообраќајот нема да биде одземен од интернетот вклучен во тарифата.

pageArea reserved, leave empty!!!