Гласовна говорна пошта

Без оглед дали сте на состанок, се одморате или забавувате вашата лична говорна пошта ќе ги регистрира сите повици што сте ги пропуштиле. Секогаш кога вашиот телефон е недостапен говорната пошта ги регистрира сите пропуштени повици и ги снима сите пораки што ги оставиле оние кои ве барале. Говорната пошта ви е на располагање 24 часа на ден.

Како да ја користите говорната пошта...

Активирањето на говорната пошта е бесплатно. Потребно е да пратите SMS со содржина MEJLI START на бројот 070 142 510 или да побарате помош во најблиската продавница.

Сите пораки оставени за вас можете да ги преслушате бесплатно со повикување на бројот 070 125 или на 070 12 12 12 со следење на упатствата на операторот.

Преслушувањето на вашите говорни пораки во Македонија е бесплатно. Доколку се наоѓате во странство преслушувањето чини исто колку и повик кон Македонија, а за побрзо преслушување во овој случај изберете 070 12 12 12.

Ако сакате да ја исклучите говорната пошта, пратете SMS со содржина MEJLI STOP на телефонскиот број 070 142 510.

Услугата Говорна Пошта автоматски ќе се исклучи доколку воопшто не ja користите во текот на два месеци. Доколку сакате повторно да го активирате вашето сандаче, потребно е да ги следите горенаведените инструкции за активирање.

За да бидат сигурни оние кои ве повикале дека го добиле вистинскиот број, јавете се на телефонскиот број 070 121 302 и снимете ваша сопствена и оригинална порака.

pageArea reserved, leave empty!!!