{{cart.Items.length}}

Паузирање и премотување на програмата во живо

Со MaxTV, можете да ја паузирате програмата која ја гледате и потоа да продолжите со гледање точно од моментот од каде што сте ја сопреле програмата во живо.

Содржината којашто ја гледате, автоматски се меморира и затоа можете повторно да ги погледате секвенците коишто вам ви се интересни или сте ги пропуштиле.

Снимање на програмата во живо

Заборави да закажеш снимање на твојата омилена серија? Можеш да го направиш онлајн на Мој Телеком или преку мобилната апликација МаxTV.

ТВ-ТЕКА

ТВ-теката ти овозможува да ја гледаш програмата од последните 7 дена, без да закажуваш снимање. Во оваа архива се наоѓа целата програма од последните 7 дена од каналите: МТВ 1, Сител, Канал 5, Телма, Алфа, Алсат М, ТВ Нова и RTV 21 M.

MaxTV водич

MaxTV водичот обезбедува информации за ТВ програмата на сите каналите. Со само еден клик ќе добиете информации за емисиите, на сите програми за следните 2 недели.

MaxTV видеотека

MaxTV Видеотеката е твоето домашно кино достапно 24/7 кое ти нуди можност да изнајмиш голем број филмови од различни жанрови.

Во бесплатната MaxTV Архива можат да се пронајдат голем број ТВ-емисии како: Супер ѕвезда, Златно славејче, Топ Форма, Еден на Еден, Во центар, Вин-вин, Храна и вино, Незадолжително и други.

Родителска контрола

Со функција Родителска контрола, којашто вие сами ја контролирате преку PIN код, ќе бидете сигурни дека вашите деца нема да имаат пристап до емисии и содржини коишто не се наменети за нив.

Согласно правилата на HBO, содржините недолични за малолетната публика се заштитени со PIN. Отклучувањето е стандардно, како и за останатите содржини заштитени со PIN.

ТВ МИКС

Гледај во живо еден ТВ канал на големиот и истовремено следи уште 3 канали на помалите екрани. Лесно менувај го изборот и распоредот на каналите и не пропуштај ни момент од омилените ТВ содржини. Пристапи лесно до апликацијата преку синото копче на далечинскиот управувач или преку Мени > MaxTV Екстра > Апликации > ТВ Микс.

MaxTV апликации

Со MaxTV пристапете до вашите омилени апликации: Facebook, Златна Книга, Речник, Именик, проверете ја моменталната температура во вашиот град со Метео, слушајте MaxTV Радио, или читајте ги најновите вести со Прес@ТВ.

pageArea reserved, leave empty!!!