Визуелна говорна пошта

Новата услуга за iPhone и Андроид, Визуелна говорна пошта, ви обезбедува листа со говорни пораки на вашиот смартфон, како и нивно директно преслушување.

Говорните пораки оставени во вашето Говорно поштенско сандаче можете трајно да ги зачувате на вашиот смартфон. Визуелната говорна пошта го штеди вашето време, бидејќи сите говорни пораки можете да ги повикате директно од главното мени на вашиот телефон, без да се јавувате на говорниот автомат.

Услугата ви овозможува и да нагодите звук кој ќе сигнализира секогаш кога ќе добиете нова говорна порака. Говорните пораки преземени на вашиот телефон содржат информации за времето и датумот на пропуштениот повик, должината на оставената порака итн. 

Напредните опции ви овозможуваат директно да се поврзете со корисникот што ве барал, како и да ги погледнете информациите за тој контакт од вашиот именик. Доколку корисникот што ве барал не е дел од вашата листа со контакти, можете лесно да го додадете.

Корисно и едноставно, прегледајте ги вашите говорни пораки со помош на визуелниот интерфејс на вашиот телефон. Повеќе... 

* Гласовните пораки се преземаат преку интернет, за што се прави интернет сообраќај согласно големината на пораката. Максималната големина на една порака изнесува 300 KB.
** Ако сакате да ја исклучите услугата, јавете се во Контакт центарот на 122.

pageArea reserved, leave empty!!!